Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Набројте неколку грешки на Никола Груевски во претходните 7 години

$
0
0
СДСМ се катастрофа од партија... Нема дилеми... Истото и за Бранко важи... Башка треба да се самозапали на плоштад, а и виски пие... Сето ова го знаеме од другите теми на форумов... Од последните 200 теми, на 205 се пишувало против Бранко...

Од друга страна, Грујо е супер... Тепаше по 8ми пут, значи и народот му верува... Патриот невиден на овие простори... Пастир и водач на народот кого Господ го прати да ја спаси Македонија...
СЕПАК, за 7 години владеење, сигурно секој од нас смета дека Грујо има киксови...

Можете ли да наведете НЕКОЛКУ негативни работи во неговото владеење?
Особено ме интересира што ќе кажат неговите симпатизери, пошто не верувам дека го сметаат за безгрешен... Поп Илија Димитриевски вели: Сите луѓе се грешни, освен Господ Бог!

Еве јас да почнам...

1. Најголемата забелешка што ја имам за Никола Груевски е што го 'исподели' народот... Македонците СЕ МРАЗАТ едни со други и најголем виновник за тоа е Груевски...
2. Друга работа... Му забележувам што лаички и дилетанстски (не мислам дека е свесно) им намести пенали на Грците и со тоа создаде услови за да ја изгубиме битката за името...
3. Трета работа... Тоа што потроши милијарди евра народни пари НА ГЛУПОСТИ, наместо парите да ги вложи во капитални инвестиции (патишта и енергетски објекти)...
4. И четврта (последна, барем засега) работа е тоа што секогаш на врвот на неговата листа на приоритети беше задржување на власт и борба против опозицијата, наместо да се бори на луѓето да им обезбеди подобар живот...

п.с. Не мора да се согласите со моите работи што ги наведов, или па да ме демантирате... Повеќе ме интересира ВИЕ што мислите за 'лошиот' дел од политиката на Никола Груевски...
И се надевам дека нема свесно да ја 'минирате' темава со муабети за Бранко и СДСМ... За нив имате милион други теми!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles