Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Бранко Црвенковски: Не беа поразени СДСМ и „Сојузот за иднината“, туку народот и државата

$
0
0



Драги пријатели, да бидеме на чисто, овие избори не беа фер и не беа демократски и за нас се целосно нелигитимни - порача предмалку лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски во изборниот штаб на Бихаќка.

Тој се осврна на големиот број нерегуларности, кои беа забележани и од невладините организации кои ги набљудуваа изборите.
- Вакви злоупотреби без какви било скрупули, каде буквално сите ресурси се ставени во функција на победата на власта се невидени. Ви тврдам дека нема нормална демократска држава каде на ваков начин се трошат буџетски пари, нема демократска држава каде се прави ваква манипулација со медиуми. Во ваква недемократска држава се случија многу нерегуларности, ова е кулминација на тоталитаризмот на Никола Груевски. Сите познати и досега непознати тактики за нерегуларности беа употребени. Се увезуваа граѓани од други градови и од други земји. Драги пријатели, да бидеме на чисто, овие избори не беа фер и не беа демократски и за нас се целосно нелигитимни - порача Црвенковски.

Тој рече дека работите во земјава не се одговорност само на партиите и на коалициите, туку на народот, а ниедна диктатура, рече Црвенковски, не паднала поради партија или група, туку поради целиот народ.
- Почитувани граѓани, работите во оваа земја нема да излезат на арно. За жал не е далеку денот кога ќе мора да се плати огромната цена на овие погубни политики. Сите ќе ја платиме, без разлика кој за кого гласал и дали гласал или не. За оние што мислат дека СДСМ и „Сојузот за иднината“ на овие избори беа поразени, се лажат - поразен беше целиот наш народ , нашата земја. Без демократија, без почитување на Уставот, нема економска благосостојба, нема безбедност за никој. Ние како поединци и партии нашата битка против оваа диктатура ќе ја продолжиме со истиот елан и со истата решителност - вети Црвенковски.

Тој сепак нагласи дека за конечна победа се потребни сите.
- Ние како поединци и партии нашата битка против оваа диктатура ќе ја продолжиме со истиот елан и со истата решителност. Меѓутоа сакам многу јасно и однапред да кажам, ниедна диктатура не може да биде срушена од една партија или од една група луѓе, туку само од народот. Ние ќе ја водиме битката до крај, а битно е што ќе направи целиот наш народ, заради иднината на нашата земја. Ние сме тука, а вие почитувани граѓани сте на потег. Ако сме заедно, победата ќе дојде - порача вечерва лидерот на опозицијата.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles