Соопштение на Народна
Запазете го последниот дел.
Цитат:
И покрај тоа што сме на неколку дена до крајот на изборниот процес од локалните избори, ВМРО-Народна партија може да констатира дека во текот на едномесечната кампања ниту еднаш на националните телевизии не беше пренесен дел од говор во живо од претседателот на ВМРО-Народна партија г-дин Љубчо Георгиевски, иако тој присуствуваше и имаше свои обраќања на повеќето од митинзите на Сојузот за иднината. Тоа е само уште еден доказ, колку медиумски е контролирана нашата држава. Единствениот жив глас кој можевме да го чуеме во оваа предизборна кампања беа негативните спотови кои ги нарачува ВМРО-ДПМНЕ. Со жалење мораме да констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ е претворена во најкукавичката партија од кога постои македонската демократија. Се плашат од директни соочувања, дебати, дуели, а единственото што знаат е политичките противници максимално да ги цензурираат и преку монтажи да ги извртуваат нивните изјави преку инсталираната медиумска контрола. Кога сме кај спотовите, по повод најновиот монтиран спот со извлечени реченици за бугарофилство на претседателот Георгиевски, сакаме само уште еднаш да ја запознаеме македонската јавност дека најголемото бугарофилско лоби се уште го препознаваме токму во актуелното ВМРО-ДПМНЕ: Антонио Милошовски, Силвана Бонева, Влатко Ѓорчев, Илија Китаноски, Мане Јаковлевски, Љубиша Георгиевски, Зоран Тодоровски, Борис Стојменов, Љупчо Јакимовски, д-р Чибишев, Зоран Димитровски, Михајло Георгиевски, Елизабета Канчева, Васил Пишев, целите семејства Димитрови, Лепавцови, Боеви… и да не ги редиме понатаму по општински комитети, затоа што ќе ни треба многу простор. |