Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Колумна на Фрчко - Дојадете, догризете (Вечер: Фрчко ќе ја дели Македонија!)

$
0
0
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DF7F...EC614800FD8BFB

Професорот Љубомир Фрчкоски во неговата последна колумна повикува на создавање две Македонии и поделба на граѓанството на две ментални територии. Во едната, според Фрчкоски, ќе живееле "деспотијата и тие што се идентификувале со неа", а другата ќе била демократска.
"Опозицијата треба да прекрши и да се ориентира кон создавање на две Македонии! Како кога социјалдемократите во дваесеттите години од минатиот век имаа две Германии, онаа нивната и онаа на фашистите. Тоа се две политички култури кои имаа свои граѓанства и свои ментални територии: една со деспотијава и тие кои се идентификуваат со неа и една либерална и демократска. Нека се тие посилни, побројни, нека се тие побогати. Ние мораме да дефинираме што сме, не само наспроти деспотијава македонска, туку и самите во себе", пишува Фрчкоски.
Покрај поделбата на граѓанството на ментални територии, тој повикува и на поделба на економијата на пазарот.
"Нема да пазаруваме во нивни дуќани и нема да одиме во нивни кафеани. Ние ќе имаме наши, слободни, авангардни. Ако ги казнуваат инспекции - ние ќе собираме прилози да им помагаме. Ние мора да создадеме сеопшт бојкот на деспотијата колку што е можно појасен, со демаркација на различни животи, што ни се пригодни. Ако не тераат од државата која е и наша - добро, ќе создадеме паралелни светови. Спремни сме да водиме таков живот, паралелен со нивниот на иста територија", вели Фрчкоски.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles