Како вовед за темава нека послужи анкетата која што ја имавме претходниве неколку дена на „Воденица“... Во десната колона на форумов беше поставено прашање „Која година СДСМ ќе дојде на власт?“ и на анкетата (досега) гласале 215 членови и гости на Воденица...
Има четири опции за одговор: 2013, 2015, 2019 и никогаш...
Кога ја поставив анкетата, со оглед на големата биполаризираност кај луѓето, очекував дека најмногу гласови ќе има за 2013 и за никогаш... Така и стојат сега резултатите...
Дека СДСМ уште оваа година ќе дојде на власт, сметаат дури 135 анкетирани... Дека СДСМ никогаш нема да дојде на власт, сметаат 45...
Интересно е што за сценариото дека ДПМНЕ ќе победи на следните редовни избори, а ќе изгуби на следните (оние во 2019 г.), веруваат само 9 анкетирани...
Нејсе, ако СДСМ сака да дојде на власт уште во 2013 година, за такво нешто потребни се ИЗБОРИ... Друг начин нема... А за да има избори, потребни се два предуслова: првиот е ДПМНЕ да прифати нови предвремени избори (како резултат на спогодба со опозицијата, или како резултат на притисок од јавноста), а вториот предуслов е СДСМ да прифати одење на избори... За да се исполни вториот предуслов, опозицијата инсистира да се имплементираат препораките од ОБСЕ и ОДИХР...
Засега имаме само некакви конфузни реакции кај власта... Едните велат дека тие препораки се само препораки, што значи дека не морат да се прифатат, а други па велат дека препораките од ОБСЕ и ОДИХР се веќе прифатени... Она што е познато е дека власта ги одби сите амандмани од опозицијата кога се носеа измени во Изборниот закон, а кои што се однесуваа исклучиво на препораките од ОБСЕ и ОДИХР...
Според мое мислење, и на едните и на другите им е јасно дека опозицијата во моментов има многу голема предност во однос на власта и при евентуални избори, победата на опозицијата е повеќе од извесна... Од тие причини, Груевски пред месец-два изјави дека ДПМНЕ не сака избори, а СДСМ инсистира на усвојување на препораките од ОБСЕ и ОДИХР за реалната предност која што ја има да не дозволи некој да ја „поништи“ со злоупотреба на позицијата што во моментов ја има во државата... И токму тоа што опозицијата е со многу поголем рејтинг отколку власта, лично јас не верувам дека се возможни предвремени избори во оваа 2013 година... А од СДСМ велат дека нема да отстапат... Ќе видиме кој ќе биде на крај тој што ќе попушти... Дали попаметниот или па тој што е на власт?