Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Милетиќ: Важно е да се организира парламентарна група која не е под диктат на СДСМ

$
0
0
Стефчо ќе добие и пратеници...:cool:

Цитат:

Лидерот на Српската напредна странка, Драгиша Милетиќ по локалните избори очекува прегрупирање во Паралментот, каде тој е пратеник од листата на коалцијата на СДСМ. Во саботното интервју за Прес24, најавува формирање на нова парламентарна група која нема да биде под постоајн диктат на СДСМ.


“Веќе е очигледно дека и во Парламентот опозицијата треба да дејствува организирано и да ги отвара прашањата од суштинско значење и интерес за граѓаните на Р.Македонија. Многу поважно од тоа дали ќе бидам независен пратеник е прашањето како да се организира парламентарна група на пратеници кои не сакаат да бидат под постојан диктат на СДСМ. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време“, вели за Прес 24, Милетиќ, потенцирајќи дека, денес по локалните избори е во контакт со луѓе од СДСМ кои имаат повисок степен на политичка култура и дејствуваат за пошироки заеднички интереси, а не на поединечни.


Милетиќ го коментира и одност на Андреј Петров, кандидат за градоначалник на СДСМ во Карпош, кој во кампањата од првиот круг ги навредуваше гласачите од српската етничка заедница.


“Јас не знам на кој начин ги обучуваат кадрите во СДСМ па им недостасува основно познавање за принципите на политиката за меѓу етничка и верска толеранција и соживот на сите граѓани во Р.Македонија, јас длабоко верувам во граѓаните на О.Карпош кои сигурно ќе го казнат таквото однесување. Со ваквото однесување и ширење на лаги од страна на Андреј Петров и водењето на кампањата без компас сосема е сигурно дека граѓаните на Општина Карпош повторно ќе го дадат својот глас за Стефчо Јакимовски во вториот круг“, вели во саботното интервју за Прес24, Драгиша Милетиќ.


Српската напредна страна, која одлучи да го поддржи Стефчо Јакимовски како кандидат за гардоначалник на Карпош и покрај тогашниот став на СДСМ одлучи да излезе на избори, денес по првиот изборен круг има резултат кој го оправдува тој потег. Јакимовски за малку не победи во првиот круг, но влегува со огромна предност пред својот против кандидат од СДСМ, во Старо Нагоричане СНС влегува со свој канидиат за градоначалник, а во една општина во првиот круг победи кандидатот кој го подржа партијата. Драгиша Милетиќ во саботното интервју за Прес24, вели дека ова е рзултат кој значи препознатливост на партијата.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.a...5&kategorija=3

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles