Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Се распаѓа Сојузот за иднината?

$
0
0
Цитат:

Десничарските партии си заминуваат по слабите резултати на изборите?
Помалите коалициони партнери на СДСМ во Сојузот за идината размилсуваат да ја напуштат коалицијата по слабите изборни резултати, објавува Дневник. Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов за весникот вели дека не е задоволен од резултатите постигнати на 24 март и дека се разгледува опцијата за самостоен настап на неговата партија.

„Бев убеден дека ќе имаме повеќе советнички места. Овие резултати не се според очекувањата на нашата партија, напротив, тие се под очекувањата. Ако СДСМ и ВМРО се договорат Македонија да биде една изборна единица, дефинитивно остануваме во Сојузот, а за секоја друга отстапка ќе размислиме за можен самостоен настап“ - вели Ангелов за Дневник.

Незадоволството не го крие ниту потпретседателот на Обединети за Македонија Марјан Огњановски.

„Не сме задоволни од резултатите затоа што очекувавме дека коалицијата ќе освои многу повеќе гласови“ - вели Огњановски за Дневник.

Од десницата во коалицијата на СДСМ без став остана само партијата на Љубчо Георгиевски. ВМРО-НП се уште не се изјаснила по изборните резултати.

Во меѓувреме и дел од левите партии најавуваат напуштање на коалицијата. Пред стартот на изборите, од Сојузот за иднината за заминаа и либералите на Ивон Величковски, а настап во договор со ДУИ имаше и ПЕИ на Фиат Цаноски.
Српската напредна партија на Драгиша Милетиќ го поддржа Стевчо Јакимовски, па односите со СДСМ и коалицијата се под знак прашалник.

Во таква ситуација, единствен верен ссојузник на СДСМ останува Либерал-демократската партија, чиј претседател, Андреј Жерновски се уште е во трката за градоначалник на општина Центар.

Експертите коментираат дека токму припојувањето на десните партии кон левицата, придонеле за слабиот резултат.

- Наместо зголемување, Сојузот донесе намалување на гласовите. Помалите доскорешни десничарски партии со кои се здружи Црвенковски во голема мера влијаеа за ваков резултат, а симпатизерите на една партија токму поради оваа коалиција, не гласаа за опозицијата. Сега автоматски треба да следува преиспитување на стратегијата - вели за Дневник професорот на ФОН, Здравко Савески.
http://press24.mk/story/makedonija/s...ot-za-idninata

Бродот кој тоне...добро тој и додека пловеше беше таков едвај закрпен и без компас.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles