Фантомски гласачи од Македонија и Албанија „се стискале“ во исти станови?
Покрај фиктивните гласачи од источна Албанија, од кои на шеесетина им стоело исто место на живеење во општина Центар, опозициската коалиција денеска обелодени нови, ама домашни.
Во избирачкиот список за општина Центар фигурирале и граѓани кои доаѓаат од македонски градови и општини. На избирачкиот список, според досега ревидираните податоци, биле уфрлени пет лица од Гази Баба, десет од Кавадарци, две лица од ѓорче Петров, три од Кисела Вода, потоа од Бутел, Драчево, Чашка и Аеродром. Во изборниот список овие лица биле со исто место на живеење во неколку локации низ општина Центар, обвини денеска опозицискиот кандидат за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.
- Во истите станови каде беа сместени граѓаните на Пустец, се сместени и други гласачи кои живеат во Македонија. Исто така е весело и во станот на Ѓунер Исмаил, истиот оној стан кој е од Јавното претпријатие за стопанисување со јавен и деловен простор, каде што освен оние осум кои ги најдовме од Албанија, во избирачкиот список се додадени уште седум граѓани од Македонија – изјави денеска Жерновски на прес-конференција на улицата „Максим Горки“ во Центар во близина на еден од становите кој е наведен во избирачкиот список како живеалиште на околу шеесетина граѓани.
Поради заштита на личните податоци, до медиумите се доставени списоци само со адресите на гласачите, без нивните имиња.
- Освен оние од Албанија, сега имаме четворица новоуфрлени од Гази Баби, од Аеродром, Прилеп. Ако ја земеме улицата Максим Горки, не само што имаме 64 уфрлени од Албанија, туку сега и 12 од Македонија – додаде Жерновски кој рече дека „и покрај фалсификуваниот избирачки список“ сепак како кандидат освои најголем дел од гласовите во првиот изборен круг.
Тој најави дека „за измамата ќе бидат информирани надлежните институции, како и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска“, од која ќе побара средба и на која ќе ѝ бидат дадени списоците, за да се утвди дали на овие фиктивни граѓани на општина Центар ќе им биде овозможено да гласаат во вторио изборен круг.
- Ние мораме да имаме одговор од министерството на кој начин овие луѓе се вметнати во избирачкиот список и додека не го добиеме тој одговор, ќе биде илузорно да се надеваме дека ќе бидат отстранети. Меѓутоа, не сум наивен и не очекувам дека МВР ќе признаат дека се уфрлени нови лица – смета Жерновски, кој истакна дека овој случајможе само да претставува мотив за граѓаните од општина Центар да излезат масовно на изборите на 7 април и да не дозволат други граѓани да им го изберат градоначалникот.
СДСМ на само неколку дена пред првиот изборен круг ја обелодени аферата со избирачкиот список во кој околу 150 лица фигурирале со живеалиште на неколку адреси низ центарот на Скопје. Според податоците на СДСМ, изведени од избирачкиот список, 70 лица живеат на иста адреса на улицата „Максим Горки“, 8 во станот на Ѓунер Исмаил на улица „Васил Ѓоргов“, 17 на иста адреса на булеварот Илинден, 15 на 36 А на улицата „Петар Попарсов“.
+Инфо