Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

СКАНДАЛ: Владата ВЕТИЛА во Брисел дека во новиот Закон за бранители ќе го реши и статусот на членовите на ОНА или УЧК

$
0
0
tekstov e dosta indikativen:

ВЛАДАТА КРИЕЛА ЗА ПРЕЗЕМЕНИ ОБВРСКИ КОН БРИСЕЛ

Се криела информацијата дека Владата презема обврска во идниот Закон за бранители да го реши и статусот на поранешните членови на ОНА или УЧК. Ако за нешто опозицијата била во право, тоа е оценката дека парламентарната драма, која започна по ова прашање е фингирана од двете владеачки партии

ЕКИПА НА ГЛОБУС

Доколку се сеќаваме, есенската криза која во Парламентот настана со молчењето на тогашниот пратеник а сега министер за одбрана Талат Џафери и оневозможување на однесувањето на Законот за бранителите со стотина амандмани - значи со една двојна опструкција на ДУИ, индиректно подржана од ДПМНЕ - долго време од опозицијата беше нарекувана фингирана криза во Парламентот! И ако за нешто опозицијата навистина беше во право, говори откритието за кое неодамна говореше пратеничката Радмила Шеќеринска.

Таа нагласи дека со отворањето на нови веб сајтови на интернет, се овозможи да се најдат документи, но вели, сепак е проблем доколку некои прашања за кои власта има фобија за непријатно или ненарачано прашање да ги добите официјално, па мора да се "копаат" на овој начин.

Шеќеринска тоа го покажа низ примерот со извештајот на Владата упатен до ЕУ за спроведување на Охридскиот договор, за кого рече дека примил многу фалби, но, од друга страна овој документ останал недостапен за јавноста и набрзо се видело зошто. Се криела информацијата дека Владата презема обврска во идниот Закон за бранители да го реши и статусот на поранешните членови на ОНА или УЧК.

"Многу важен документ е извештајот за спроведување на Охридскиот договор. Ќе го прочитате на пет места во извештајот на Европската комисија, десет изјави имаше од различни места на ЕУ дека е многу добро што е направен извештајот, дека и одлично е што сме направиле нешто суштински важно, сме го подготвиле извештајот", изјави Шеќеринска.



Таа почетокот на оваа политичка криза ја лоцира кон почетокот на август месец, кога конфликтот во рамките на владината коалиција се решаваше со тоа што едниот партнер во коалицијата предложи Закон за бранители во Владата, кој еве веќе седум месеци е во процедура, без надеж дека некогаш ќе се разреши.

- И сега ние веќе седум месеци живееме во една таква политичка криза и притоа истата Влада што ја стимулираше кризата подготвила извештај во кој што стои многу прецизно дека Владата презема обврска во идниот Закон за бранители, или каква веќе ќе му биде формата, да го реши и статусот на поранешните членови на ОНА или УЧК. Значи тоа го пишала истата Влада, го пратила во Брисел, значи тоа е официјалниот одговор на власта пред европските инстанци и тој одговор, се разбира, отсуствува од Македонија. Тој тип на "double talk" зборување едно тука, едно во Брисел, н? чини многу и затоа жалам што Европската унија стана соучесник во сето тоа, посочи Шеќеринска на трибината "Како ЕУ може да работи подобро на Балканот - објансува пратеничката.

И Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование, говорејќи на една слична трибина, организирана од Институтот Прогрес, истакна дека многу тешко се добиваат информации за релациите Скопје - Брисел, особено ако тоа се бара преку Скопје! Една важна информација од горенаведениот карактер секако би била добредојдена за да се рачистат работите во македонскиот двор, ама, се чини, постои еден заштитен покривач над оваа коалиција на Илинденска број 2, која досегнува далеку надвор од границите.

Индикативно е дека медиумите не дадоа голем простор на оваа вест, која секако е многу битна за да диференцира некои состојби дома, кај нас. Македонските медиуми, кои се во огромен број провладини, тоа не го сторија, бидејќи, целосно би го растуриле патриотскиот "споменик" врз кој почива ликот и делото на Груевски а албанските медиуми, кои оваа вест главно ја заменија со акцентирањето на проблемот со национализмот, за кој се говореше исто така на таа трибина (извесен квази стручњак Сенто Качанику, со неговите фашизоидни ставови).

Во однос на откритието на трибината, за кое говореше пратеничката Радмила Шеќеринска, која реално е една шокатна и отрезнувачка вест, имавме медиумска коалиција која фрапантно е слична на онаа која владее во земјава!

http://www.globusmagazin.com.mk/?Ite...B59282189CF9C5

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles