Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Исповед на еден таксист

$
0
0
Постов го напишав на една друга тема како реплика до АБЦ, ама одкако го прочитав сметам дека заслужува посебна тема со цел повеќе луѓе да прочитаат.

Цитат:

Напишано од ABC (Мислење 411756)
Ха, одамна не сум бил во штабот, ама можно е некого да го трггнале за уво доколку нанесол срам на партијата со своето однесување.

Со постов ме иницира да напишам што ми се случи токму вечерва кога си идев со такси од чаршија.

Влегувам в такси, и ко по обичај почнуваме неврзани муабети со таксистот, кој претпоставувам беше ром, млад, на околу 30 тина години, личен, али се гледаше дека е многу кроток, културен, дури на прв поглед ми изгледаше и малку наивен, па дури и гласот таков му беше. Иако беше од Прилеп, политературно и од мене зборуваше. И како неизбежно прашање во тие неврзани муабети беше:
- Како оди работичкава?

Кога го прашав, како да го допрев за срце.
Ми вика: - Другар, да не ми си во кожава. Пред две недели ми се расипа таксиметарот. Отидов да го сервисирам, па во УЈП. Таму ми дадоа потврда дека таксиметарот е на сервис, и парагони на кој ќе ги внесувам сумите, и ми кажаа дека со потврдата и парагоните можам слободно да си возам.
По неколку дена, ме запира инспектор од УЈП, јас му ги давам потврдата и парагоните. Се чисто, се законски, касата до денар точна. Ми вика, не можи вака немаш таксиметар, и ми пиша казна од 3000 евра. Одам во УЈП пак да прашам дали смеам да возам со тие документи, во случај да не имам погрешно разбрано, на што тие повторно ми дадоа потврден одговор. Одкако му кажав што се случи, дека нивни инспектор ме казни со 3000 евра останаа вчудоневидени. Не му се веруваше. Да е иронијата поголема, во исто време влегува истиот инспектор кој ме казни. По мала дебата со другите вработени, се свртува на кај мене и ми вика: - Другар извини моја грешка беше, меѓутоа сега казната е пуштена и нема враќање назад. Јас останав вџашен. Како „утеха“ во УЈП ме посоветуваа дека можам да поднесам жалба и да платам само 500 евра. Во меѓу време додека одеше процедурата ми ги блокираа сите сметки.За да биди ситуацијата уште пострашна, колава ми е земена на лизинг и имам уште 3 години за отплаќање. Ако ми ја земат колата ми го прекинуваат единствениот извор на пари, мене и на фамилијата. Во целиот тој процес, еден куп документи, жалби, извршители на крајот испадна да платам казна од 1300 евра, за прекршок кој што не сум го направил. За грешка на инспекторот.
- Како ми оди работичкава рече? Ами денеска возам цел ден. Среќа што заврна, и имам направено 480 денари промет. Од нив не ми остануваат ни 200 чисти без тука да пресметам рата за колава што ја исплаќам. Епа сега пресметај колку време треба да работам за да ја исплатам „грешката“ од инспекторот.

Немате претстава колкав револт се јави кај мене во тој момент, но продолжив да го слушам....

Ми вика: - Во меѓу време возам една советничка. Редовна муштерија. Кога и кажав за случкава се изреволтира максимално. „- Е заради вакви идиоти ќе ја изгубиме власта.“ - рече.

И пазете на крајот што се случува. Таксиметарот отчука 63 денари. Јас му давам 70 и му викам, во ред е. Тој одлучно ми враќа 10 денари и ми вика: - Не. 60 денари треба да платиш!


И сега, како по обичај, треба да дадам некој свој заклучок на темава. Еве десет минути зјапам низ мониторов. Ми иди сликата од таксистот, ама не ми идат зборови...едноставно останав без коментар. :(

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles