Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

ДЕКЛАРАЦИЈА на Сојузот за иднината за БОЈКОТ на изборите

$
0
0
Со Декларацијата, Сојузот за иднина повика на неучество на изборите

Сојузот за иднината со акламација усвои декларација за обнова на демократијата слободата и правдата во Република Македонија.
Во декларацијата стои дека сегашните и идните носители на јавните функции од Здружената опозција покажувајќи висок морален интегритет и храброст поднесоа лчична и семејна жртва за општото добро и повисоки цели.


Партиите од Сојузот за иднината се согласија дека:

1. Во наредниот период како и после 24. март, напорите за враќање на земјата на вистинскиот демократски европски колосек треба да станат врвен приоритет за секој граѓанин на РМ.

2. На 24. март 2013 сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен демократски предизвик со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да дадат конкретен влог и да донесат директна одлука за себе и за иднината.

3. Одржувањето на избори на кои учествува само актулената власт и лажните опозиционери се нелегитимни.

4. Актуелните опозициски пратеници и кандидатите од листите за парламентраните избори одржани во 2011. година ќе ги вратат своите мандати на денот на одржување на локалните избори.

5. Локалните избори на кои еднострано ќе бидат прогласени градоначалници и совети без легитимитет задолжително ќе бидат предмет на ревизија со која ќе се преземат соодветни политички и законски механизми за нивно поништување и повторно одржување по промената на актуелната власт на превдремени парламентрани избори.






Започна конвенцијата на Сојузот на иднината

Сите лидери на опозициските партии се присутни на конвенцијата на Сојузот на иднината предводен од СДСМ, која се одржува на точно два месеци по црниот понеделник. Во преполната спортска сала во моментов зборува градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски-Циц.
Следната недела опозицијата жестоко ќе продолжи со серијата активности за отпор против недемократската власт и нефункционирањето на институциите и правниот поредок во земјава.

+Инфо





Ги гледам на фотографијава горе, во првиот ред:
Самка Ибраимовски, Ердоган Сарач, Стојанче Ангелов, непознат, Андреј Жерновски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски, Зоран Дамјановски-Циц, Бранко Црвенковски, Андреј Петров, Зоран Заев, Зоран Јовановски, Ана Павловска Данева, Гордан Георгиев итн.
Знае ли некој кој е тој „непознат“? Дали е можеби Фијат Цаноски?

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles