Интересен феномен. Црната пропаганда што бугарофилите ја спроведуваат против Бранко Црвенковски е длабоко навлезена во подчерепното ткиво на поддржувачите на овој режим. Бугарофилите се погрижија Бранко во негативна конотација да биде споменуван ама буквално во секоја прилика. Спотови, реклами, изјави, прес конференции, социјални мрежи, форуми, итн. Затоа не е чудно што небањатите на форумов се занимаваат повеќе со Бранко отколку со вистинските состојби во сопствената држава. Без никаков приговор, ниту сомнеж се прифаќаат сите одлуки што ги носи оваа ненародна и антимакедноска власт. Нема да чуете вакви прашања од небањатите: Кој е Субрата Рој? Зошто Форина го ставија за министер за одбрана? Зошто се задолжуваме? Зошто паднавме на 116 место кај репортери без граници?, Зошто го сменија деловникот без опозиција?, итн. Наместо тоа има инфантилни споредби со 1995-1998, 2002-2006, со кои само докажуваат дека власта е комплетно неспособна и дека во Македонија нема напредок во последниве 15 години и нормално за тоа Бранко им е крив. Никако нивните неспособни идоли. Кај нив има само слепо прифаќање на се што ќе падне од севишната власт. Лета магарето? Лета.
Работите се едноставни. Кој, кога, како ќе биде претседател на една партија зависи од самата партија, која со своите тела ќе си одлучи за тоа. Ако со одлуката не се согласуваат поддржувачите и симпатизерите на таа партија тие едноставно нема да гласаат за неа. На пример ако СДСМ во моментов води погрешна опозициона политика и ако Бранко е само пречка за качување на рејтингот, тогаш на локалните избори луѓето ќе излезат масовно занемарувајќи ја одлуката за бојкот. Но ако спротивното е точно тогаш изборите (ако се одржат) ќе бидат бојкотирани од 2/3 од населението. Исто би било и на евентуални парламентарни избори. Ако Бранко е гробарот на оваа партија и ако СДСМ се наоѓаат во бунило тогаш би изгубиле катастрофално.
Но имајќи го во предвид фактот дека Бранко со враќањето на чело на партијата ги зголеми гласовите на партијата за околу 100,000 грла, бугарофилите знаат дека се наоѓаат во голема опасност. Тие дури и со нивната гебелсова машинерија која тежи дузина милиони евра во 2011 не успеаја да освојат повеќе гласови од здружената опозиција која што беше и најверојатно е пред банкрот. Небањатите добро знаат што ги чека на избори спроведени од техничка влада со вметнати препораки од ОБСЕ/ОДИХР и добро прочистен избирачки список. Ќе изгубат катастрофално. Нивното одржување на власт е возможно само со инјектирање на милиони евра државни пари во нивните кампањи, злупотреба на власта во предизборие, тотална корупција затворање на медиумите, социјални трансфери токму пред избори, буквално купување на најсиромашните слоеви и многу други методи кои им овозможија привремен престој на власт но не и предност пред опозицијата.
Затоа власта, нејзините поддржувачи и „неутралците“ длабоко се секираат кој ќе им биде противникот. Нормално тоа го практикуваат и душегрижниците на форумов. Тие добро знаат дека на ФЕР услови ќе бидат сплескани како палачинки, посебно ако Бранко е на врвот на партијата. Нивните коленца се тресат со самата помисла на Бранко. Најдобар лек за нив е Бранкоциклин.