http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticke...den_heroj.aspx
Секоја чест за Груевски, се надевам дека ќе успее да ги порази предавнициве и штетнициве...
Цитат:
Со она што го прави Бранко Црвенковски, Република Македонија ја претрпува најголемата штета. Во овие месеци тој одработи толку многу за Грција, што ако продолжи вака да прави и да го руши имиџот на државата во Грција треба да го прогласат за народен херој, истакна претседателот на Владата и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувески. На промоцијата на Програмата за претстојните локални избори на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Аеродром, Ивица Коневски, Груевски посочи дека од најпозитивен извештај од страна на Европската комисија во целата историја на Република Македонија, оној што го добивме во 2012 година, со постапките на Црвенковски земјата се движи кон негативен. Најголемата корист од целата ситуација, според Груевски, ја има Грција, која најмногу се противеше за добивањето датум за преговори и почеток на преговорите на Македонија за полноправно членство во Унијата. - Црвенковски во овој месец одработи толку многу за Грција што не и треба повторно да не блокира, ако вака продолжи како што тргнал со рушење на институциите, бламирање на државата и со поткопување на темелните вредности на државата. Во Грција треба да го прогласат за народен херој и да му дадат веднаш не пасош, туку што сака. Вака услуга не им завршил никој досега, подвлече премиерот. Однесувањето на Црвенковски, кое, како што рече Груевски, ја движи земјава во негатива, се случувало и во минатото. - Само што земјата ќе тргнеше напред во евроатлантските интеграции Црвенковски ќе смислеше некоја штета, некој инцидент, ќе смислеше нешто што повторно ќе не вратеше на позиција да мораме да се докажуваме во рамките на демократските вредности, на политичкиот дијалог и на се она што се нарекува политички критериуми. Но, овој пат се надмина и самиот себеси, посочи Груевски. Со ова, додаде, и направи огромна штета на Република Македонија и се уште продолжува да прави. - Ова ќе биде еден од неговите последни чинови на правење штета на државата. Народот веќе го препознава него. Неговите штети и неговите чекори што ги прави во правец на правење штета на Република Македонија ги препознаваат и луѓето од неговата партија. Тие отворено говорат и го молат да не прави вакви чекори, да не бојкотира избори и да не го бојкотира Парламентот, туку да одат на локални избори, рече Груевски. - Македонија ќе оди напред и ќе успее. Какви проблеми и да создаде ќе најдеме начин да ги пребродиме, да ги преживееме. Сме имале и потешки моменти во историјата, но сме нашле начин да поминеме низ нив и повторно да зачекориме таму каде што е потребно и да ја оствариме целта. Така ќе биде и овој пат, подвлече премиерот Груевски. |