Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Ползењето на груевистичките полжави

$
0
0
Во последно време, гледам еден многу чуден феномен... Постанува мода да се правиш блесав, но не откачено блесав, туку патолошки блесав и одкачен, садо-мазохистички настроен е лево и десно, и послушно , како последен црв да бидеш во редот на последните лигави створови на преродбата... Јасно ме е дека револуцијата ги јаде своите деца, а преродбата своите тендери, но кога малку ќе се размислам, најсмешни уствари се полжавите кои на своите кршливи куќички ја донесоа а сега и ја крепат оваа диктатура. Да не се лажеме, оддамна сме поделени на ваши и наши, и затоа niche market на оваа тема ми се Вашите. Разбирам дека Вашето лигавење и ползење пред пастирот е сообразно со вашиот IQ, разбирам и дека веќе сте макнале во теглата со мед и сега нема назад, разбирам дека и веќе кога подлабоко сте макале во теглата, сте пронашле нешто од поинаква природа но од ист производствен отвор, сте го примиле тој отров и сега Вие - сте маѓепсани или по нашки уценети, или по вашки - се фати баба на оро сега немат пуштање... Е тука се јавува сега, за мене најсмешната работа, и кога ве гледам- солзи на очи ми идет, се разбира од смеење.. сега вие , без присила , поробени, мозговно испрани и малку нафатирани, за да си ја задржите вешата маленка позиција - виши референат у општинско предузеќе - или било какво администраторско-куротресалско место на определено со договор и 9000 ден. плата - се претворивте во ПОЛЖАВИ... Да патриоти мои- јас сега вас ве гледам како полжави, се лигаете и предете околу вождот, но трагата сребрена е зад вас, сакате да ни објаснете дека белото е црно на сите, во тоа со независни експерти како Дракче, МИленка и Миленко издуваните гајди и грнето Јанко и еден куп експертски исцедоци ни го пласирате како вистина,,, но јас, јас , само се смеам,,, ги гледам вашите сребрени траги околу нозете на вождот како се повеќе се заплеткуваат, се виреат и издигаат - ко глорифицираат но во нашите очи го какаат... и оп... сребрените траги на вас мали (душевно се разбира, физички се направивте како волови) полжавчиња се претвараат во тенки сребрени гајтани, кои со тек на време се здрбелуваат... како што се дебелат вашите лаги и правењето мутави,,, и ооооппп.. ќе прераснат во дебели сребрени ортоми, вашите лиганици околу режимот... вашето лигавење - денес го гледаме и му се смееме сите... до пред некое време бев политики неопределен--- но од вашето лигавење знам сега која страна да ја фатам... и само што ќе ја фатам страната---- ооопппп --- гледам сребрените ортоми ги заплеткаа нозете на императорот... сребрените ортоми - отрови на режимот- на истиот нозете му ги заплеткаа и сега тешко е да се побегне... ни чешка ни словачка- а уште помалку доминикана... опасно се заплеткани нозете и трупот на режимот ќе го бувнат како 200-годишен даб, тромав и црвосан, па кога тој трупец ќе грувне на земја- тежок олово, обременат со сите тендери и споменици и останати вкусни желади, а на врвот на тој даб ќе има шишарка- шишарка која во својата срж ќе има отров- отров со кој ќе ги лови сите режимски тендераши и опортунисти, пробисвети и обични лајпрди, па кога тој голем даб грувне на семја, сите вас полжавчиња ќе ве здроби , а и тие кои ќе успеат да побегнат, сепак ќе бидат бавни и ќе имаат позади нив сребрена лигавица од тендерски сладокуски и од страна на шишарката „ а ла Симон Визентал“ ќе бидат стигнати.... затоа режимски полжави , ползете уште малку, но не оставајте толкави сребрени лигавици позади вашите души купени за шаку долара...

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles