Апелацискиот суд во Нови Сад вчера одлучил да се укине екстрадицискиот притвор на новинарот Зоран Божиновски. Нему му е забрането да ја напушти Србија, а како превентивна мерка му е одземена патната исправа, потврди портпаролката на судот, Ивана Јосифовиќ за „Плусинфо“.
Со тоа, Божиновски, кој во Македонија е обвинет за случајот „Шпион“ е на слобода, со што пропаднаа обидите на македонските правосудни власти да биде екстрадиран во Скопје и да му се суди за шпионажа и злосторничко здружување.
Божиновски беше уапсен лани во ноември, откако Македонија распиша меѓународна потерница по него.
http://www.plusinfo.mk/vest/151738/N...a-e-na-sloboda