Партија на oбедените пензионери и граѓани на Република Македонија (ПОПГМ) e името на новата политичка сила која наскоро ќе се појави на македонската политичка сцена.
Под мотото „Доста беше гледање сеир!“, доктори, професори, генерали, државни службеници, инжинери, занаетчии, граѓани буквално од сите профили, како што велат во Иницијативниот одбор за формирање на новата партија, ќе покажат дека пензионерите можат да бидат голем, односно клучен фактор на политичкиот мегдан, наместо како досега да им служат на другите политички партии само како инструмент за гласање.
„Не има околу 293.000. Тоа е сила без која не ќе може да се формира влада. Пензионерите не смеат да дозволат да бидат пасивни во општеството. Партијата која ја формираме мора да им ја врати смислата на живеење со сите активности кои ги нуди ова општество. Нашиот сосед Србија, како и Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина се многу пред нас и имаат формирано свои политички партии кои учествуваат во сите инситуции и без кои веќе не е можно да се формира власт“, вели Југослав Миноски, магистер по педагошки науки, член на Иницијативниот одбор на новата Партија на обедените пензионери и граѓани на Република Македонија.
Ако не успее Иницијативниот одбор кој со засилено темпо работи на терен, да ја регистрира партијата до локалните избори поради многуте бирократски процедури, планираат во изборна трка да влезат на следните парламентарни избори.
Со отворена граѓанска и мултиетничка опција, како што велат во Иницијативниот одбор, партијата ќе биде отворена за сите над 18 години. Целта е да се интегрира искуството со млада креативна енергија.
Како што објаснува Миноски во Србија пензионерите имаат 12 пратеници во парламентот и без нив не можеше да се формира влада. Пензионерите, потсетува Миноски, предизвикаа криза во преговорите за формирање на владата на Србија. Сега, оваа партија има три министерска места, многу заменици меѓу кои и многу млади луѓе.
„Досега пензионерите им служеа на другите политички партии главно како инструмент за гласање со огромни ветувања дека ќе направат големи заложби за да го подобрат статустот, односно животот на пензионерите, но откако ќе дојдат на власт ги забораваат ветувањата, заедно со нашиот минат труд кој е огромен придонес за нашава држава. Нема да дозволиме да бидеме третирани како досега, дека сме биле некорисни па ги заобиколуваат нашите животни потреби“, порачуваат од Иницијативниот одбор на Партијата на обедените пензионери и граѓани.
Според официјалните податоци во Македонија има 293.000 пензионери од кои како што велат во ПОПГМ околу 110.000 се неутрални и околу 30.000 се незадоволници и разочарани од поголемите и од други политички партии. Тоа се инвалидите на трудот и воените инвалиди, борците од НОВ и продолжувачите на нивните традиции. Потоа, ветераните од одбраната и безбедноста на Македонија, учесниците во конфликтот 2001 година, војниците по договор, стечајците, невработените млади и други маргинализирани групи во општеството. Тоа е бројка од околу 80.000 до 120.000. Потоа сите што живеат само од плата, работници, селани, занаетчии, лекари, интелектуалци, професори, јавни службеници, што значи дека вкупната бројка на слободни партиски неопределени пензионери и граѓани е околу 250.000. ПОПГМ е отворена за сите овие граѓани на следните парламентарни избори, велат во Партијата на oбединети пензионери и граѓани на Република Македонија.
http://www.mkd.mk/93875/makedonija/p...-nova-partija/
На овие не им е доста бесплатен градски и бања :nemiseveruva: