Твит: Знаев дека Тодоров се дрогира ама не знаев дека е на тешки дроги.
Здравствен туризам, здравството како бизнис.
Здравствен туризам, здравството како бизнис.
Цитат:
За три години во Македонија треба да никне првата слободна здравствена зона. Ќе нуди современи здравствени услуги. Но, првите десет години, нив ќе можат да ги користат само странците, а не и македонските и косовските граѓани кои се чести пациенти во македонските приватни болници. Потенцијалните инвеститори ќе бидат ослободени од даноци и царински давачки и комуналии, а ќе добијат и платени обуки за вработените. Овој проект според ресорниот министер треба да го заживее здравствениот туризам. Потенцијалните инвеститори ако покрај болници вршат и високообразовна дејност, ќе бидат ослободени од давачки дополнителни 5 или вкупно 15 години. Слободната здравствена зона според министерот Тодоров е најнова мода во здравстевниот сектор во Дубаи, Турција и Јужна Кореја, а веќе од 2017 и во Македонија. |
Цитат:
- Идејата на министерот е фантастична. Само покрај слободните здравствени зони и развивањето на здравствениот туризам, Тодоров да вметне и погребен туризам. Гробните места во странство се многу скапи, а кај нас ќе ги даваат без надокнада, па така ќе настане вистински бум – тврди професор Милчо Пановски од скопската Клиника за абдоменална хирургија во изјава за „Фокус“. |