Граѓаните во Македонија ја обвинуваат владеачката коалиција за политичката криза во државата
Дури 73% од граѓаните сметаат дека власта била таа која што на 24 декември ги прекршила уставот и законите на Република Македонија. Истовремено, дури 82% од испитаниците го поддржуваат отпорот на опозицијата.
Форумот „Воденица“ во соработка со „Интернешнл Рејтинг Ејџенси“ спроведе анкета во периодот меѓу 9 и 11 јануари врз репрезентативен примерок од 1.124 испитаници на целата територија на Република Македонија се опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст и етничка припадност.
На прашањето кој ги прекрши Уставот и законите на 24 декември, 73% одговориле дека тоа го направила владеачката коалиција, 12% сметаат дека вината е во опозицијата, 4% одговорноста ја лоцираат на двете страни, а 11% не сакале да се изјаснат.
На прашањето дали го оправдуваат отпорот организиран од Сојузот за Македонија, потврдно одговориле 82%, истиот не го оправдуваат 8%, а 10% биле неопредлени или одбиле да се изјаснат.
83% од испитаниците сметаат дека без учество на опозицијата локални избори не треба да се одржат. Одржување на локални избори во кои што ќе учествуваат само ВМРО-ДПМНЕ и неколкуте албански партии поддржуваат 5%, а 12% немаат утврдено став или одбиле да одговорат.
Сите детални информации, графикони и табели од анкетата можете да ги видите на следнава страница.
http://vodenica.macedonians.tv/anketa.html
Во оваа измислена анкета можете да верувате исто толку колку што можете да верувате и во оние анкети кои што се објавуваат во Курир и останатите медиуми поткупени или уценети од диктаторската власт!