Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Една година затвор за хирургот што нема да ја сними интервенцијата

$
0
0
Пратениците решиле да го подигнат нивото на транспарентност во државата. После сите критики поради бркање на новинарите и снимателите од собранието, решиле да ја поправат грешката.

Цитат:

Една година затвор за хирургот што нема да ја сними интервенцијата

Парична казна или една година затвор ќе добијат директорите на установите и докторите по медицина кои нема да ја снимат хируршката интервенција во клиниката, предвидува новиот Закон за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите по медицина, кој вчера попладне беше усвоен на собраниската седница откако истиот ден беше разгледан на комисиската расправа во матичното тело.
Законот предвидува видео снимање на интервенции од различен вид и формирање видео база која ќе служи за унапредување на знаењето и вештините кај лекарите и докторите по медицина. Видео снимањето на тие интервенции е задолжителна обврска за директорите на здравствените установи, а оние кои нема да ја испочитуваат кривично ќе одговараат со парична казна или со затвор до една година. Истото им се заканува и на хирурзите и докторите по медицина кои ја вршат интервенцијата.
Донесен по експресна и скратена постапка, законот со европско знаменце изминативе денови предизвика бурни реакции кај стручната јавност која се побуни дека со него се озаконува директниот упад во автономијата на медицинските факултети така што на Министерството за здравство му се даваат надлежности кои треба да ги поседува само раководното тело на образовната институција.
И покрај реакциите на професорите министерот за здравство и натаму го има клучниот збор во уредувањето на начините и условите на кои ќе се полага стручниот испит, а го пропишува и времетраењето на испитот како и прагот на положеност. Полагањето, пак, на писмениот испит ќе се спроведува со засилен мониторинг од претставници од Министерството за здравство, за образование и наука и претставник од Владата со цел да се спречи препишување, мамење или избегнување на прописите. Во законот останува ставката која принудува во студирањето да се применуваат книгите кои што беа преведени во рамки на владиниот проект за превод на стручна литература од која се учи на врвните и реномирани факултети, како и обврската на факултетот за секој клинички предмет да обезбеди годишно предавање на најмалку еден професор кој предава на врвните 500 високообразовни установи од областа на медицинските науки во светот.
Глоба од 2.000 до 2.500 евра е предивдена за установите кои ќе ги прекршуваат одредбите.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles