Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Воденица е продадена

$
0
0
Денес, 16.05.2014 година, дојде време Ченто да се поздрави со Воденица и со воденичарите... Ченто веќе не е сопственик на овој форум и реши во иднина да им се посвети на своето семејство и на својот бизнис...

Воденица почна со работа на 27 декември, 2007 година... Сопственик (барем формално) беше наш иселеник во Чикаго, но најголемиот товар, уште од првиот ден, падна на грбот на интел и Ченто... После извесно време, сопственоста на форумот беше префрлена на мое име, но тоа не донесе никакви посериозни промени...

Форумов почна да се гради од НУЛА... Покрај администраторите интел и Ченто, први модератори на форумов беа Зарија, Користник и Филип Петровски... Имаше подоцна многу промени, едни одеа, други доаѓаа... Форумов, битно, од ден на ден растеше и се развиваше... Не ни требаше многу време за да ги поминеме оние неколку политички форуми кои што тогаш постоеа (форумот Идивиди, форумот на Миленко и некои други)... Воденица брзо стана значаен фактор во политичкиот живот во државата... Овде продифелираа многу политичари, многу новинари, многу политички аналитичари... Некои од нив со своите вистински имиња, но повеќето се зачленуваа со 'никови' наменети за заштита на идентитетот...

Сега, после 6 и пол години, Воденица се движи околу 200-то место на листата на вебсајтови кои што се отвораат во Македонија... Еден поголем дел од тие 200 вебсајтови се странски вебсајтови (Google, Yahoo, Facebook, Twitter итн.), а Воденица котира подобро и од вебсајтовите на многу популарни медиуми во МК...
НЕДЕЛНО се регистрираат по над 70 илјади посети, од над 20 илјади различни IP адреси и се отвораат по околу 750 илјади страници...
Посети се регистрирани од цел свет, а најмногу се разбира од Македонија (околу 82%)...

Би сакал да кажам дека воопшто не жалам за целото мое потрошено време на Воденица овие години... Форумов беше мојата врска со Македонија... Овде стекнав многу познанства и неколку десетици прекрасни пријателства... Никот Ченто нема да згасне и се надевам дека понекогаш ќе доаѓам да ве поздравам долу во меаната... А и при моите доаѓања во Македонија, сигурен сум дека повторно ќе се гледам со моите пријатели - воденичари...

На форумов не очекувам многу промени... Модераторскиот тим (барем засега) останува непроменет, а и генерално политиката на форумов ќе продолжи во иста насока... Тоа е она што е договорено со новите газди... Понатаму, се' ќе зависи од нив... Би замолил да не ми праќате ПП со прашања кои се тие нови газди, бидејќи сакам тие самите да ви се претстават тогаш кога ќе сакаат да го направат тоа...

За крај, на сите бивши, СЕГАШНИ и идни воденичари ви посакувам многу здравје и многу среќа... На сите ви посакувам да ви расте љубовта кон Македонија... На сите ви посакувам во иднина многу повеќе да се сакате и да се почитувате меѓу себе... Не дозволувајте политиката и политичарите во Македонија да ви таложат омраза... Сакајте ги комуњарите... Сакајте ги небањатите... И едни и други се Македонци...
И НЕ ОДЕТЕ ПО УМОТ НА ОНИЕ ШТО ШИРАТ ОМРАЗА!!!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles