Другарчињата на вемеровците:
Зеколи, веднаш ама веднаш реагира:
Зеколи: Дали САД, ЕУ и ОБСЕ ќе упатат протест поради фашизмот во ДУИ насочен кон неистомислениците Албанци и кон новинарите Македонци?
Тука е и одговорот на Героски и Кабранов:
Барање преку фан страната на ДУИ: Колумните од Кабранов и Геровски отстранете ги од албанските медиуми
Конечно пример и за албански и за македонски интелектуалци, на кои не им е битна националноста, туку општоприфатени човечки слободи.
БРАВО
Цитат:
Откако на фан-страната на ДУИ-УЧК осамна пост во кој мета на напад се новинарите Ацо Кабранов и Бранко Геровски, наречени „ѓубриња од славскиот комунизам кои со памук им ја пиеле крвта на Албанците, а сега трансформирани во ангели“, со реакција на својот ФБ-профил се јави аналитичарот Арсим Зеколи. Ви го пренесуваме во целина неговиот пост. |
Зеколи: Дали САД, ЕУ и ОБСЕ ќе упатат протест поради фашизмот во ДУИ насочен кон неистомислениците Албанци и кон новинарите Македонци?
Цитат:
„Полна подршка до Кабранов, Героски и секој медиумски работник кој своите ставови ги изнесува со своерачен потпис, сопствена слика и сопствена одговорност.Почнав да пишувам подолг текст, но јасно е дека со корумпирани гангстери преоблечени во патриотизам е бесполезно да се дебатира. Нема веќе простор за изговори и интегристички цинични криенки дека “страницата не била нивна, дека н сносат одговорност” и слично. Сосема е јасно, пораката е пратена од кујните на интегристите. …Затоа, време е за директни прашања до подржувачите на ДУИ: - Дали САД, ЕУ, ОБСЕ, НАТО ќе упатат јавен протест до Али Ахмети поради фашизмот и шовинизмот во неговата партија насочен кон неистомислениците Албанци и кон новинарите Македонци? - Дали САД ќе направи ревизија на својата црна листа и ги изземе Мендух Тачи, а ќе ги вклучи членовите на Претседателството на ДУИ поради ширење на меѓуетничка и интраетничка омраза, расизам, шовинизам, нарушување на Рамковниот Договор, повикување на насилство? Доколку не, зошто Амбасадата на САД поддржува и молчи за скандалозното однесување на ДУИ? - Дали ЕУ и Германија ќе најдат за сходно на водачите и функционерите на огранокот на ДУИ од Чаир да им забранат влез во земјите членки и земји-кандидати за ЕУ? Вклучително и на коалиционите-партнери во новинарство по шовинизам од ВМРО-ДПМНЕ? Или сметате дека треба работите да стигнат до посмртници во црна хроника за КОНЕЧНО да разберете кон што ја тераат работата Али Ахмети и Никола Груевски? - Дали медиумите наместо да бараат мислење од мене (!?) ќе се охрабрат да побараат мислење од членовите на Претседателството на ДУИ, нивните пратеници и министри, (со посебен интерес за ставовите на тнр ’интелектуално крило’ од Чаир и Тетово) со прашање дали се оградуваат од изнесените ставови? |
Барање преку фан страната на ДУИ: Колумните од Кабранов и Геровски отстранете ги од албанските медиуми
Конечно пример и за албански и за македонски интелектуалци, на кои не им е битна националноста, туку општоприфатени човечки слободи.
БРАВО