Беше тоа прекрасен сончев ден,топол ден,јулски ден.Понеделник ден кој ја почнува неделата ден на кој таа реши да побрза и да му даде на знаење дека денеска ке почне нејзиниот живот,нејзиното патување во овој чудесен свет.И одбра таа,реши да пристигне со најсилниот плач кое имам го слушнато и кое не прекинуваше се додека таа не заспа.Сите се радуваа на нејзиното доаѓање а најмногу нејзината баба која ја гледаше како капка роса на нејзината дланка и се плашеше да не и падне од рацете да не ја изгуби зошто кога се сретнаа нивните погледи знаеја дека тие две заедно ке го почнат патувањето низ животот.Бебето беше мирно кое плачеше само кога е гладно и ги имаше најголемите очи како бадеми кои едвај чекаш да те погледнат бидејки беа полни со сјај и љубов.Тоа се радуваше на мајка си на татко си,се смееше на секого,си играше со сите...Но таа срека не траеше долго.Набргу по нејзиното раѓање почнаа кавгите на нејзините родители кои беа проследени со нејзинот плач бидејки таа чувствуваше дека нешто не е во ред,дека нешто се спрема со нејзиниот живот,ке исчезне нешто и нема да биде повеќе бајка.Дојде денот кога после 2 години и 7 месеци од нејзиното раѓање нејзините родители се разведоа и мајка и ја напушти засекогаш,ја остави да чекори низ животот исто како да не ја родила никогаш,исто како да не била нејзина,исчезна....За среќа на малата татко и беше покрај неа да ја сака и да и покаже дека животот е сега само нејзин и негов,да и докаже дека нема да ја почуствува празнината дека ке расте без мајка,ке расте без љубов од двајца родители.Се трудеше татко и да и ја даде сета потребна љубов но таа плачеше по мајка си,ја бараше каде е,неможеше без неа да заспие.Тука беше и баба и,таа светла точка во нејзиниот живот која и помогна да ја заборави таа жена што го напушти сопственото дете без ниеднаш да покаже каење и желба за да ја види,и помогна да заборави дека имала мајка дека била тука,и помогна да застане на нозе и да порасне во прекрасно девојче.Поминаа неколку години од разделбата со мајка и и таа воопшто не се секаваше на неа исчезна од нејзиното срце бидејки никој не дозволи таа да остане без љубов,сите ја сакаа и ја сожалуваа дека расте без мајка која е жива ама исто како да умрела оти ни еднаш не посака да си го види чедото кое го носела 9 месеци на кое му дарила живот.Од таквите луѓе ми се гади,на такви треба да им забранат да бидат среќни ама еден е Господ и тој ке пресуди за немилосрдноста на некои луѓе...Животот течеше прекрасно за малото девојче и татко и.Сабалје таа одеше на градинка,татко и на работа и после тоа едвај чекаа да дојде времето за пак да се сретнат тие двајца и да уживаат заедно во преостанатио дел од денот.Кога немаше градинка таа одеше кај баба и и таму беше најмногу сакана,имаше се во животот,имаше љубов.
Но се неможе да биде без падови нели?Дојде денот кога мораше татка си да го дели со друга жена,кога тој се прежени и таа знаеше дека никогаш веќе нема да биде исто повеќе иако татко и ја уверуваше дека нема да е така,дека таа е светлината во неговиот живот.Но се измени се од корен.Таа почна на училиште во селото на татко и каде направија куќа за заедно да ги делат добрите и лошите работи,заедно да живеат таа,татко и,новата мајка...Да да новата мајка....Таа и рече еден ден,ти девојче на мене ке ми викаш мамо бидејки ке те сакам и гледам исто како да си моја ќерка.Таа беше пресреќна бидејки имаше фамилија конечно,таа веруваше во новата жена во нејзиниот живот и мислеше дека сега се е во ред,сега имам се.Набргу по нивното заедничко живеење пристигна едно мало мравче едно плачко кое беше најголемиот подарок за една сестричка.Гордо отиде на училиште и се фалеше на сите дека добила братче и дека е најубавиот подарок на цел свет и најмногу ке го сака.Со пристигнувањето на бебето некои работи се изменија.Татко и беше пресреќен дека добил машко и заборави на неговата светлина заборави на ќерката ,ја отргна полека од неговото секојдневие и се сврте кон син му.Таа отпрвин си велеше ајде бебе е сите му се радуваат но почна да открива дека нејзе никој не и обрнува внимание.Ако посакаше нешто ке и купеа и толку,ама прегратките ги снема,љубовта ја снема полека ама сигурно таа исченуваше.За среќа баба и разбра навреме дека внуката е осамена и додека да потпорасне малото таа ја зимаше да спие кај нив и даваше да јаде да си игра и го посветуваше сето внимание на цел свет за таа да не свати дека е отргната од нејзината фамилија.Порасна кај баба и.Дома кога си одеше имаше само едно чоколадо кое беше за братчето бидејки таа била голема.А они не сфатија дека со тоа ја оделија од нив и ја направија да биде несреќна и лоша кон друѓите.Деновите одминуваа и кога бебето порасна таа беше неговата мајка,таа го чуваше секоја вечер за они да можат да излегуваат додека таа беше скратена од секаков контакт со другарките и неможеше да излезе од дома бидејки немаше кој да го чува малиот.И така тоа мало чудо порасна со сестраму и таа најмногу го сакаше на цел свет без да му љубомори што тој е причината за нејзината разделба со татко и.Повеке не се сакаат веке со татко и беа како странци со секојдневните кавги кој ги имаа двајцата и кои редовно завршуваа со нејзиниот плач потопувајќи ја перницата со солзи надевајки се на поубав ден.Беше разочарана од животот,дури и размислуваше да се самоубие ама се ја одвраќаше помислата на баба и да не ја остави сама бидејки тоа ке ја скрши ама и брат и да не го остави,ги сакаше премногу.Еден ден реши да ја дознае вистината за жената која ја родила,која и дарила живот.Бараше одговори насекаде,сакаше да знае зошто не сака да ја види,зошто не ја сака!Го најде тоа што требаше,телефонски број и пресрекна беше дека ке ја слушне мајка си првпат по 17 години,ке и го слушне гласот.Рацете и се тресеа додека го вртеше бројот и возбудено чекаше некој да крене слушалка,звонењето и се виде дека трае со часови.И конечно некој крена слушалка,некое детско гласче(веројатно нејзината полусестра)и таа и рече само Нада ке ми треба а она мало девојче веднаш и ја подаде слушалката на мајка си незнаејќи кој е од другата страна и таа жена го зеде телефонот и само што го слушна гласот на девојчето од другата страна знаеше дека е напуштената ќерка и со револт во нејзиниот глас и одговори дека не ја сака и дека нема пари за да ја земе кај неа.Но таа не бараше пари,бараше само љубов од мајка и,цел свет и се сруши кога го слушна тоа и ги преколнуваше моментот кога го заврте бројот.Спушти слушалка и со солзи на очите истрча кај баба и да и каже да ја утеши и со цела мака го изгоре листот каде беше запишан телефонскиот број и вети дека никогаш повеке нема да ја побара дека таа за неа е мртва,повторуваше на цел глас мртваааа..... Свати дека животот е полн со разочарување и дека таа е грешката,дека таа е крива што никој не ја сака дека таа лошо се постави кон сите бидејќи така ја научи тој трнлив пат.Реши да се посвети на љубовта кон брат и и баба и,да верува дека еден ден ке дојде тој ден кога сите ќе ја слушнат што има да каже.Кавгите дома не преќинуваа никогаш,од лошо полошо одеше.На училиште одеше среќна бидејќи таму не е татко и таму не е маќеата,таму најбитна е таа и само таа.Почесто спиеше кај другарќи само и само да не си оди дома бидејќи таму се чувствуваше како во затвор,не прави така не оди таму не стој не диши,побогу....Конечно заврши училиште и веднаш татко и рече најди си работа или оди си од тука,не те сакам.За неа тоа беше секојдневие да не биде сакана и навикната беше па затоа додека сите уживаа дома дека завршиле училиште таа почна да оди на работа.Пресреќна беше дека нема веќе што да бара од дома дека заработува сама и тука е и баба и да и помогне ако треба.Се зарече дека од дома веќе не и треба никој и ништо освен братчето на кое трошеше дел од платата за да му купи нешто од љубов и да му докаже дека само него го сака дека ќе живее за него...
И тогаш се случи најлошиот момент во нејзиниот живот,тогаш ја загуби баба си за која живееше и цел свет и се урна кога и се јавија на работа да и кажат дека починала дека ја нема повеќе.Изгубена беше,уништена.Одеше на кај баба си ама неможеше чекор да даде,стоеше така со минути и никако да реши да тргне бидејќи се плашеше дека се што и кажаа е вистина дека ја нема веке.Конечно по долгото стоење на патот собра храброст и тргна накај куќата.Таму ја стресоа извиците на дедо си и истрча да види што се случува кога виде дека тој си ја треска главата од ѕидот и имаше крв насекаде,тој сакаше да замине со неа,проколнуваше зошто ја нема...Лоша слика ,лош ден.Влезе и кај баба си,се фрли врз неа и почна силно да плаче и да ја гушка.Сите ја тргнуваа од таму но таа не сакаше да си оди а мораше бидејќи од премногу тага зборуваше секако,беше скршена од болка бидејќи нејзината баба нејзината вистинка мајка и ја одзеде Господ.Преколнуваше се и сешто вриштеше од бол и се давеше во солзите кои не преќинуваа да течат.Ја тргна татко и на страна и и рече дека вечер нема да е во состојба да седи таму кај баба и,дека мора да оде на работа да се тргне настрана.Така и бидна,прифати таа отиде ноќна смена без ни малку да има спиено и гледаше само во една точка,не функционираше,знаеше дека мора да се помири со тоа,дека мора да има сила и достоинствено да ја испрати баба си како што доликува.Дојде и погребот најболниот дел од нејзиниот живот,последен пат кога ја виде баба и,последен поздрав и најладниот бакнеж што секогаш ке и остане врежан во меморијата додека постои.После 3 дена неспиени и милион солзи пролеани конечно со помош на апчиња таа заспа и сакаше никогаш повеке да не се разбуди,сакаше да оди крај неа со неа да биде таму горе на небото...И пак се разбуди,сеуште е тука сеуште жива и мора да се бори против тагата и празнината,немаше веќе солзи пресушија,немаше веќе чувства за ништо остана скршена.Ништо веќе неможеше да ја насмее со денови,само одеше на работа и се враќаше во својата соба во тие четири ѕидови и пропаѓаше полека во бездната на темнината.Не сакаше никој околу неа,не веруваше веќе во никој беше тажна,многу тажна.Брат и секој ден ја прашуваше дали е подобро но таа одбиваше да зборува,да има секаков контакт со тие дома.Во нејзините очи сите и беа криви бидејќи неа ја нема повеќе,ке нема кој да ја сака кој да и пружи љубов,осамена е.....Тоа период траеше повеќе време се додека не сфати еден ден дека мора да продолжи да живее со таа празнина,мора да верува,мора да преќине да жали по загубата.Стана и се насмевна првпат по толку време,ја бакна сликата на баба си и и рече дека мора да продолжи да живее,дека нема да ја заборави никогаш и да ја чека,кога ќе дојде ден ке се сретнат пак.Си вети дека поретко ќе оди на гробишта и ќе ја остави да почива на мир!
Животот продолжи и ниеднаш не се потсети на мајка и што ја оставила пред многу години само некогаш ја заболуваше кога некој ќе ја прашаше а каде е мајкати ама се трудеше многу да не обрнува внимание на таквите прашања и со мака одговараше.Лекцијата ја научи дека секој момент може да изгубиш некој што ти значи и пазеше на сите,дури и на татко и.Полека почна да му верува и да му се приближува и му даваше на знаење дека не е веќе тоа мало и наивно девојче кое може само да заплаче и да се затвори во собата,му даваше на знаење дека сега е појака од секогаш и ништо нема да ја повреди повеќе.Се подобрија односите со неа и маќеата и се трудеше да ги засака пак сите со мисла дека ако изгуби пак некој ќе неможе да преживее.Живееше за братот и веруваше дека сета среќа ја заслужува тој,не таа.Така заспиваше,така стануваше без да размисли за нејзиниот живот и каде води сето ова.Секој ден и се повторуваше,таа старееше и никако не посака да биде среќна.Си најде друга работа,ретко излегуваше,почесто седеше дома во нејзината соба и одеше само на кафиња кај другарки кои патем сите беа или со долги врски или веќе во брак,само таа немаше никој крај себе бидејќи се навикна да живее така и не ни бараше некој.Се се сведе на работа дома,некој краток разговор по телефон со другарка и пак спиење.Монотоност до бескрајност,се во круг....
Работите добија пресврт кога пак ја почуствува истата болка на која не сакаше да се потсети никогаш повеке.Дозна дека другарка и починала во сообраќајна несреќа.Пак помина низ истото,пак испи премногу апчиња за да може да заспие.Но овој пат добро ја поднесе болката зошто знаеше како треба,беше научила.Колнеше се зошто така мораше да биде,зошто и ја зеде а секој ден беше кај неа,секој ден пиеја заедно кафе и се прашуваше сега кој ке ми прави кафе кој ке ме слуша,кој?Како што одминуваа деновите сликата од нејзината мртва другарка не и излеваше од мислите и се бореше секоја вечер да запие ама неможеше,само наутро кога ке изгрееше сонцето ке се успиеше.Го преколнуваше тој ладен ден кој ја зеде таа ѕвезда што ја сакаше премногу.Одеше секој ден на гробишта да пие кафе со неа како што е редот ,одеше и кај баба и да и зборува да ја праша дали тие две се сретнале таму горе на небото.ја сонуваше со вечери,ја оплакуваше со денови,зборуваше за неа најмногу...
Реши дека е премногу сево ова.Сама се измачува.
Еден дожлив ден се разбуди конечно насмеана и реши да го прифати фактот дека животот е борба и мора ги играме сите улоги што ни ги дава.Стана си направи сама кафе и му се радуваше на денот низ кој се ширеа звуци на распеани птици кои навестуваат дека постои подобро утро и дека не треба да губиме надеж.Поминаа 4 месеци од загубата на другарка и,и кобни 8 години од загубата на баба и.Свати дека мора да се помире со тоа,дека мора да живее.Еден ден они пак ќе се сретнат....
Ова е кратка вистинита приказна.