Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Груевски дал три милиони евра за непостоечки фабрики! Каде се парите премиеру?

$
0
0
СКАНДАЛ Димова: Груевски дал три милиони евра за непостоечки фабрики! Каде се парите премиеру?

Цитат:

Нов скандал за работата на Владата на Никола Груевски поврзан со странска компанија и трошењето на буџетските пари на граѓаните преку државна помош обелодени денеска Лидија Димова, претседателка на Советот за ЕУ интеграции на СДСМ.

-Случајот АКТОР покажа како се одлеваат парите кои ги земала Владата на кредит. Случајот „СМР Аутомотивес системс Македонија“ покажува како Владата на Никола Груевски ги троши буџетските пари и за каква намена.

Имено, оваа странска фирма на 31 август 2011[1] година на двапати добила пари од Владата со вкупна вредност од речиси 3 милиони евра (€2.815.000). Еднаш, во висина од 1 милион и 285 илјади евра (€1.285.000) за изградба на претпријатие за производство на леани метални делови. И вторпат, над еден и пол милион евра (€1.530.000) за изградба на претпријатие за производство за надворешно стакло за ретровизори.

Значи, за изградба на две претпријатија владата на оваа фирма и доделила речиси 3 милиони евра!
Е сега, како е можно да се исплатени 3 милиони евра а овие две фабрики да ги нема?
Според Законот за технолошко индустриски развојни зони[2], корисникот е должен да започне со градба во рок од 9 месеци од потпишувањето на договорот, што значи 31 мај 2012 година. А производството да го започне за 30 месеци, односно 1 март 2014 година. Законот е јасен, ако не се исполнат наведените рокови[3], договорот за закуп еднострано се раскинува.

Рокот за изградба истече пред речиси 3 недели,
а од двете фабриките нема ни трага!
Каде се овие фабрики, Премиере Никола Груевски? Куриозитет во овој случај е и датумот на доделувањето на помошта.
Имено, фирмата СМР АУТОМОТИВС СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје е регистрирана во Централниот регистар на 31.08.2011 година. Со седиште на булевар „Октомвриска револуција“ бб, подоцна променето во ТИРЗ Скопје 1. Но, Владата, претставувана од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ за доделување на оваа помош се обратила до Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) на 26.08.2011 година. Дури 6 дена пред да биде регистрирана фирмата во државата. Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги донесува и двете решенија за давање државна помош на 31.08.2011, денот кога е регистрирана фирмата.Ова е слика и прилика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ – прво „џентлменски“ договор, а потоа правна рамка!

Јавноста има право да знае каде одат нејзините пари. Патем, зошто ја нема никаде оваа, наводна инвестиција, во Вашиот фамозен Отчет премиере Груевски?
Има ли нешто сомнително и кај овој случај и дали е тоа поврзано со констатираните прекршувања на Државниот завод за ревизија од 18.12.2013 година?
Каде што се укажува на неправилности кај доделената помош од страна на Агенцијата за странски инвестиции. Зошто ништо не превзема Комисијата за заштита на конкуренцијата која е должна да врши контрола на доделаната помош? На што се должи сево ова, Премиере Груевски-праша Димова.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles