Почитувани пензионери и граѓани на Република Македонија!
ПАРТИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИ ПЕНЗИОНЕРИ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА која еавтентичен и легитимен застапник на политичките права на сите пензионери во Република Македонијаи поборник за постојано подобрување на материјално социјалниот статус на пензионерите,го поздравува секое зголемување на пензиите. Но, поттикната од неискрените и манипулативни настапи на некои претставници на Владата на Република Македонија и спинувањата во некои медиуми во врска со фалбите за божемното покачување на сите пензии во висина од 5%, Ви се обраќа вам со цел да ги разјасни вистинските мотиви за ваквата политичка активност.
Овие пропагандни активности на власта се насочени кон создавање политичка подлога за профитирање на претстојните избори така што дел од пензионерите ќе ги збуни и изманипулира, а делот кој не и дава подршка ќе се обиде да го пасивизира со демотивација да излезат на гласање.
Токму со таа цел на предлог на Владата парламентарното мнозинство ги суспендира одредбите од законот за усогласување на пензиите за 2014 година, со што создадоа можност да се фалат дека ќе ја зголемат пензијата за 5% што е ноторна манипулација која на Владата и овозможи да си припишува водење политики со нагласена грижа за статусот на пензионерите.
Најновите изјави на Министерот за финансии дека „покачувањето“ на пензиите ќе изнесува околу 600,оо денари недвосмислено ги потврдува нашите тврдења, и целосно ги демаскира најавите за покачување на пензиите за 5%, бидејќи сите пензии кои се над износ од 12.000,оо денари ќе се „зголемат“ за помал процент и за помал вкупен износ доколку се применуваа одредбите од законот кои се однесуваат на редовните усогласувања на пензиите. (пр: пензија од 25.000 х 2,4% = 600)
На овој начин всушност се манипулира и наместо да се појасни зошто пензиите во Р Македонија се најниски во регионот споредени со просечно исплатената плата во земјата,популистички се се сведува на социјален инструмент за стимулации во функција на избори.
Почитувани пензионери и граѓани на Р Македонија токму од тие причини ПАРТИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИ ПЕНЗИОНЕРИ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА, обраќајќи Ви се со ова соопштение, Ве потсетува дека на пензионерите со пензии чиј износ е над просечната пензија Владата им должи покачување и од 2013 година, кога на ист начин беше најавено покачување од 5% кое се сведе на линеарно покачување во износ од околу 500,оо денари. Истовремено Ве охрабруваме и Ве повикуваме уште еднаш да ги разгледате политиките кои се однесуваат на пензионеритеи согласно на вашите лични оценки и убедувања самите да процените што е вистина, да ни се придружите во барањата Владата целосно да го исполни тоа што го вети и во настојувањето никогаш повеќе властите во Р Македонија да не ни го суспендираат веќе стекнатото право за редовно усогласување на пензиите.
http://www.obedinetipenzioneri.mk/node/1