Јасно ли е некому нешто..??
Цитат:
Македонија пред нелегални избори!? Објавено: пред 16 минути Прочитано: 191 Печати http://images.plusinfo.mk/kolumnisti/Mimi Suslevska.JPG Мими Шушлеска Сподели со твоите пријатели! Пратениците денеска треба да ја одржат последната седница на која ќе донесат одлука за распуштање на Собранието, а спикерот Трајко Вељаноски да ги закаже вонредните парламентарни избори. Опозицијата и првиот човек на Државната изборна комисија предупредија на можните ризици. Ако предвремените парламентарни избори се одржат заедно со вториот круг од претседателските, како што најави премиерот Никола Груевски, и ако до утре напладне пратениците не изгласаат промени на Изборниот законик, ќе се навлезе во организирање и спроведување избори со кои ќе биде прекршен Изборниот законик и со можност резултатите од гласањето да бидат оспорени. На денешната седница ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле по еден нивни пратеник да ги образложи причините за распуштањето на Собранието. Вчера и од ДПА најавија дека ќе дискутира еден нејзин пратеник. Според Имер Алиу, пратениците на ДПА ќе гласаат за распуштање на Собранието за што побрзо да ѝ се стави крај на оваа власт. Од СДСМ не кажаа каков план имаат за последната собраниска седница, ниту, пак, открија дали нивните пратениците ќе ја поддржат иницијативата на ДУИ. На интернет-страницата на Собранието вчера единствена точка на дневен ред беше предлог-одлуката за распуштање на актуелниот собраниски состав. Министерот за правда Блерим Беџети рече дека нема потреба да се прават измени на Изборниот законик за да се решат проблемите што се создаваат поради поклопување на роковите за избирачкиот список, кампањите, изборниот молк, објавувањето на рејтинзите. Одлуката за тоа која одредба од законот да се почитува, кога има преклопување на роковите за претседателските со оние за парламентарните избори, според Беџети треба да ја донесе Државната изборна комисија. Останува дилемата дали со ова ДИК, највисоката државна институција во државата надлежна за избори, ќе биде притисната да се стави во функција на определени политички партии. Никола Рилкоски тврди дека додека е на функцијата претседател на ДИК, нема да дозволи нејзина злоупотреба. Toj веќе предупреди дека доколку не се решат проблемите во врска со преклопувањето на роковите, изборите ќе бидат нелегални и нелегитимни, а добиените резултати проблематични. - Досега немаме никакви насоки, но се надевам дека оние што носат одлука за двојните избори, ќе понудат решение и за проблемите што се јавуваат. Додека сум јас во ДИК, нема да дозволам таа да се користи и да се злоупотребува за нечија корист – рече Рилкоски. Професорката Рената Десковска е децидна дека ДИК мора да го почитува законот и не може да се стави во улога да решава која одредба да ја почитува, а која не. - Тоа е веќе злоупотреба, бидејќи ДИК нема надлежност ниту да го толкува ниту да го менува законот. Не може да се повикува ниту на политички договор меѓу партиите, бидејќи единствен исход од таков дијалог повторно би биле измени на Изборниот законик со кои ќе се расчистат нејаснотиите - објасни Десковска.Ако политичките партии во власта останат на својот став дека не треба да се прават измени на Изборниот законик, тогаш, според Десковска, се создава впечаток дека некој намерно продуцира хаос, за да може од тоа да профитира. Проблемот го создаваат двата термина за заклучување на Избирачкиот список, роковите за кампањата, изборниот молк, но и медиумското претставување. Бидејќи кампањата за претседателски избори ќе почне на 24 март, а таа за парламентарните на 6 април, тоа значи дека од распишување на парламентарните избори до 6 април, односно 12 дена медиумите нема да смеат да емитуваат платено политичко рекламирање. Нејасно е и како ќе се решат различните термини за забрана на објавување рејтинзи и како ќе се организираат општинските одбори, кои може да бидат различни за едните и за другите избори, кои се одржуваат во исто време. |