Кои се тајните бизнис соработници на Мијалков и Камчев
share
од Сашка Цветковска, НОВА | објавено на: 12-02-2014 17:50:47
По веста која ја објави НОВА, а со која се потврди дека директорот на тајната полиција Сашо Мијалков ја продал својата фирма во Чешка „Миртланис“ на таинствена компанија од државата – даночен рај Панама, НОВА трагаше по врските помеѓу оваа фирма и други фирми кои под превезот на инвестициите оперираат со владини тендери во Скопје. Таинствени Италијанци од јужноамериканската даночна оаза не водат до европската оф – шор дестинација – Лугано, Швајцарија.
Од Панама преку Лугано до Скопје 2014
Продажбата на фирмата „Миртланис“ каде што директорот на УБК Сашо Мијалков беше стопроцентен сопственик се случила токму во времето кога опозицијата го обвини дека тој не пријавил во Антикорупциската комисија дека во Март 2013 ја купил таа фирма во Прага, Чешка. Мијалков го корегираше својот имотен лист, нагласувајќи дека вредноста на компанијата била доволно мала за да не мора веднаш да ги пријави променти во комисијата. Сето ова се случуваше во ноември 2013 година. А истиот тој ноември, директорот ја продал „Миртланис“ на фирмата „Тасига Корп“ од Панама. НОВА трагаше по лицата кои се поврзани со оваа фирма, а некои од споменатите имиња и адреси не доведоа до Скопје.
Според документите од панамскиот центрелен регистер сопственици на „Тасига Корп“ од Панама се адвокати од истата држава. Но, она што е интересно е управниот одбор, односно еден од директорите на „Тасига Корп“. Во првата постава на директорскиот борд се тројца Италијанци, од кои едниот е Емилио Бинда. Сите тројца имаат пријавено иста адреса на живеење – Корса Елвеција 16, Лугано, Швајцарија.
Емилио Бинда и Корса Елвеција 16 пак, не носат директно кај скопските инвеститори кои се дел од барокот од Скопје 2014, но и имаат и бизнис релации со познатиот скопски бизнисмен Орце Камчев, кој во јавноста важи за близок пријател на Сашо Мијалков.
Емилио Бинда едно време бил дел од неизвршниот одбор на директори на компанијата АД „Евробалкан Груп“ од Скопје. Ова акционерско друштво подоцна го менува името во АД Кара, каде што Камчев има сопственост, односн удели. Но, Евробалкан груп основала уште едно друштво – „Евробалкан Хотелс ДОО“. Кара, односно Евробалкан груп заедно со Ексико ДООЕЛ ја поседуваат оваа фирма.
Најинтесниот детаљ од целата приказна е фирмата „Ексико ДООЕЛ“. Таа акционер во „„Евробалкан Хотелс ДОО“, но поседува уште една фирма „Хотел Ибис ДОО“. Тоа е фирмата која на плоштадот го гради хотелот „Ибис“. Сопственици на „Хотел Ибис ДОО“ покрај „Ексико ДООЕЛ“ е и „ОРКА ХОЛДИНГ АД“, каде што мнозински акционер е Камчев. „Ексико ДООЕЛ“ заедно со „ОРКА ХОЛДИНГ АД“ е и акционер во „ АД Бетон Штип“, фирмата која градеше и гради голем дел од проектот Скопје 2014.
Но, која е „Ексико“ и каква врска има со панамската фирма – купец на чешката фирма на Мијалков. Сопственик на Ексико според швајцарскиот регистер е извесна фирма „Т&ЈМ Инвестмент СА“. Еден од директорите на оваа фирма е Емилио Бинда, а седиштето на фирмата е во Лугано, Швајцарија на адреса Корса Елвеција 16 во Лугано. Тоа е истата адреса каде што живеалиште имаат пријавено сите директори од панамската фирма која ја купува Миртланис од Мијалков, но тоа е и фирмата каде што директор е и Емилио Бинда – човекот кој диреткорува кај сопственикот на „Ексико“, но и човек кој диреткорува во панамската фирма која купила фирма од Мијалков.
За трансакциите од оф шор дестинациите во земјава и надвор од земјата институциите молчат. Јавноста не памети проверки на овој капитал или некакви истраги. Светската организација „Глобал Фајненшл Интегрити“ минатата пролет го објави својот труд, односно истражување подготвувано една деценија во кое обелодени дека од Македонија во даночните оази во периодот од 2002 до 2010 година се одлеале вкупно 4.6 милијарди долари преку нелегани трансакции. Истражувањето не покрена никаква институционална дебата.
Дел од податоците на Народната банка, пак, говорат дека во 2012 година половина од директните странски инвестици дошле од даночните оази како Панама, Белизе, Швајцарија, Сејшели, Британските девствени острови и други земји со таква политика.
сопственичка структура ексико дооел
![]()
![]()
сопственичка структура евробалкан груп
![]()
![]()
сопственичка структура Тасига Корп - Панама
![]()
![]()
![]()
сопственичка структура Хотел Ибис