Цитат:
Никола Тодоров е фатен во уште една лага. И во овој случај станува збор за трошење на милиони народни пари. Само пред три месеци, на 10 ноември 2013 година министерот за здравство еуфорично објави, почеток на греење на скопските клиники НА ГАС. Говореше за крај на една ера и гасификација на Клиничкиот центар, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ. Проект што ги чини граѓаните, како што рече министерот, околу 800-тини илјади евра. Спротивно на овие изјави, согласно овој документ од Бирото за јавни набавки, Клинички центар склучил договор со ОКТА за набавка на мазут за цела 2014 година. Договор тежок 2 милиона 670 илјади 906 евра, за мазут за греење на клиниките! Нема потреба веќе да нагласуваме она што е редовна пракса за министрите од редовите на ДПМНЕ. Бројот на добиени понуди е една. |