Цитат:
Со субвенции од оваа година ќе се заштити и ќе се поддржи одгледувањето на македонскиот овчарски пес, шарпланинец. Секој земјоделец, фармер кој одгледува минимум 50 овци и кози и е сопственик на педигрирани кучиња од расата шарпланинец ќе добива државна поддршка од 2.500 денари по куче кое не е помало од шест месеци. Со ова од 2014 година почнува заштитата од намалување на автохтоните раси на домашниот добиток. Освен за шарпланинецот, дополнителни субвенции ќе има и за овците праменка, говедата буша. Покрај тоа, за добивање на државните пари, фармите ќе мора да исполнуваат одредени услови поврзани со заштита на животната средина. Задолжителна хемиска анализа на почвата, правилна употреба на ѓубривата и хемиските средства и сертифициран семенски и саден материјал. -Корисници на субвенции за одгледување стопанско корисно автохтоно овчарско куче шарпланинец се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат минимум 50 грла овци или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози и се сопственици на педигрирани кучиња од расата шарпланинец на кои е извршена идентификација со микрочип на денот на поднесување на барањето - објаснуваат од Министерството за земјоделство. Според критериумите, максимален број е седум пријавени кучиња по фарма, а висината на директните плаќања изнесува 2.500 денари по куче кое е на возраст над шест месеци на 31 октомври 2014 година. За да добијат субвенции, фармерите ќе треба да имаат доказ за педигре издаден од Кинелошкиот сојуз на Македонија. |

П.С. Овој да ти имал и сопствен сајт
http://milenko.com.mk/index.html