Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

ВМРО-ДПМНЕ

$
0
0
На власт во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ, а не се СДСМ и Заев...
Власта премногу енергија вложува во „превоспитување“ на опозицијата (тоа трае веќе 8 години), а во чекор ја следат и сите нивни поддржувачи на форумов...

Темава ја отворам да продискутираме малку за ВМРО-ДПМНЕ, за де јуре лидерот Никола Груевски, за де факто лидерот Сашо Мијалков итн.

Особено би сакал да го чујам мислењето од членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ...
Знам дека немаат 'депеши' за ваква дебата, ама нека се обидат да се вклучат во дискусијата водени од својот ум...

Би сакал да дадат осврт на ситуацијата во владеачката партија...
Има ли криминал кај тие што имаат некаква функција? Ако има, зошто власта не презема ништо против нив (Тодоров, Бонева, Миле Јанакиевски итн.)?
Ако има нешто „матно“ кај Заев, зошто власта не презема ништо? Зарем со прес-конференции и со колумни ќе ја штити Македонија од „криминалци“ како Заев?
Што мислите за кадровските решенија на тие што ја водат партијата?
Што мислите за тоа што Груевски и цело ВМРО-ДПМНЕ избегнуваат дуели со политичари од опозицијата и соочување со опозициони новинари?
Дали сметате дека ДПМНЕ премногу им попуштаат на ДУИ?
Има ли доволно демократија внатре во партијата? Има ли можност за спротивставени мислења внатре во партијата?
Има ли премногу корупција во државата?
Успеа ли власта за овие осум години да го направи животот на просечниот Македонец подобар?

Има ли некој од приврзаниците на власта доволно храброст да напише нешто за ДПМНЕ, без да ги спомнува Бранко, Заев, Шилегов итн.?

Бујрумте... Конкрит, Уки, Cosmopolitan, Виктор, Чаки, Патриот, Кинг, Кнез, АБЦ, Трендафил, Новаце, Политикант, Невен, Милег, Охридмкд итн. итн.!

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles