НЕМАМ КОМЕНТАР
Цитат:
Мактел: Саше Политико ја растури забавата во МНТ: Господине Памук знаете ли дека примате награда од диктаторска влада?! Порталот Мактел објавува дека Саше Политико вечерва, на доделувањето на меѓународната награда Табернакул на писателите Орхан Памук и Виктор Ерофеев, му поставил прашање на турскиот нобеловец дали знае дека наградата му ја врачува дикатор, по што како што пренесува Мактел настанал хаос и Саше Политико насила бил изнесен од зградата на новиот театар во Скопје. „Саше Политико пак растури забава на талибанците, овојпат во новиот стар театар каде се доделуваа одличјата за писателите Орхан Памук и Виктор Ерофеев. Присутни на настанот беа премиерот и министерката за култура и многу амбасадори и над 1000 писатели и вљубеници во пишаниот збор. При крајот на говорите на воведничарите проф. д-р Венко Андоновски и проф д-р Ферид Мухич како и самите лауреати, Саше Политико стана во публиката и на сиот глас го запраша нобеловецот Орхан Памук дали е свесен дека прима награда од диктаторска влада која затвора медиуми, затвора неовинари, подмитува новинари со државни пари и дека неговата посета е злоупотребена од режимот за да се покаже пред домашната јавност дека е демократска, а таа тоа не е. Овој настап на Саше Политико предизвика општ хаос во салата, влетаа специјалци од обезбедувањето на премиерот и почнаа да го влечат Саше надвор од салата. Водителот на настанот се обидуваше да го замолчи и надвика а дел од присутните почнаа да довикуваат со неговдување очигледно навредени што Саше Политико им го навредуваше драгиот и пресветол лидер на преродбеничката портокалова револуција“. http://libertas.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%B...1%D0%B0%D0%B2/ |