
- Сега пред малку викате, не сакам да му дадам пари на „Водовод и канализација“ за замена на азбестните цевки и бараме 4 милиони евра, ама сте широкогради спрема ЈСП кога треба да се направи тендер за автобуси коишто се набавуваат од друга држава. Владата не се мислеше кога преку парите на граѓаните од цела држава одвоите преку 20 милиони евра и да ги дотирате на јавното сообраќајно претпријатие, за набавка на автобуси. Тогаш Владата не се грижеше дека ЈСП има обврска да работи профитабилно и како јавно претпријатие во сопственост на градот, врз база на ресурсите да одлучува на кој начин ќе ги троши парите. Не. Кога требаше бизнис зделка, вие го кеширавте во неколку транши, мислам 3 години и уште има трошоци во Буџетот за тоа, да му дадете пари на ЈСП. Имате двојни аршини вие – нагласи Ивановски.
Тој нагласи дека во буџетот за следната година се планирани 1,6 милиони евра за плажи, вештачки, бидејќи Македонија нема излез на море.
- Ете ги плажите на Коце со палмите, човек не стапнува таму. И да има плажи, каде да се бањаат во Вардар? Загадениот од шеста, седма категорија. Оваа Влада почитувани граѓани се согласува повеќе пари да се дадат следната година за плажи, вештачки, отколку за замена на азбестни цевки. Каде е тука вашата општествена одговорност? И вие ја пиете таа вода. И вие и вашите деца - рече Ивановски.