Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Бугарска Атака ја сака Струмица во замена за поддршка во ЕУ

$
0
0
Бугарска Атака ја сака Струмица во замена за поддршка во ЕУ!!!

Цитат:

Бугарската националистичка партија „Атака“ бара укинување на Нејскиот договор и враќање на таканаречените „западни покраини“ од Македонија и Србија.
Цитат:


Со декларација во бугарското Народно собрание, партијата на Волен Сидеров, инаку четврта парламентарна сила во Софија, истакнува дека „прашањето за враќање на регионот на Струмица и останатите територии населени со Бугари, треба да биде затворени пред приемот на Србија и Македонија во ЕУ“.
Адријан Асенов, пратеник на „Атака“ во бугарскиот Парламент изјави дека „Нејскиот договор е понижувачки за Бугарија“. Освен ова, според Асенов, договорот нема правна сила во однос на Србија и Македонија затоа што тие не се правни наследници на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците со кое беше склучен овој документ.

„Србија не беше признаена за правен наследник на Југославија во Обединетите нации, а Македонија дури не е ниту признаена под уставното име“, рекол Асенов пред пратениците. „Атака“ не го признава Нејскиот договор затоа што тој не билникогаш ратификуван од бугарскиот Парламент.

Синоќа во Софија беше одбележана и 90-годишнината од формирањето на Македонскиот научен институт, чија основна цел е да шири документи за јазикот и историјата на Бугарите од историскиот регион Македонија.

Денеска се навршуваат 94 години од потпишувањето на Договорот кај француското гратче Неј на Сена со кој се стави крај на учеството на Бугарија во Првата светска војна. Во знак на протест против овојн документ, подмладокот и на бугарската ВМРО БНД на Красимир Каракачанов вечерва одржува марш во Софија. Протестот под мотото „Долу Неј“ се најавува со промотивно видео на социјалните мрежи.
http://24vesti.mk/bugarska-ataka-ja-...oddrshka-vo-eu

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Latest Images

Trending Articles



Latest Images