ВМРО-ДПМНЕ во своето владеење потроши 17,5 милијарди евра пари на граѓаните и единствено што успеа е да ја доведе македонската економија во колапс, порача СДСМ, одговарајќи на реакцијата на владејачката партија на денешното презентирање на трите мерки од програмата на СДСМ.
Лидерот на социјалдемократите во Прилеп денеска вети дека веднаш откако ќе ја преземе власта ќе почне со постапката за изградба на три нови автопати - од Велес до Битола, од Штип до Кочани и проширување со уште една лента на патото од Кочани до граничниот премин Делчево, како и автопат од Удово преку Вељуса и Струмица до граничниот премин Ново Село. Тој вети и гасификација на целата земја и финансирање од буџетот на 320 бизнис идеи годишно со по 10.000 евра неповратни средства по идеја.
Партијата порача дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се во паника и повторно упати повик до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ да прифати дуел со Заев.
„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се изгуби во својата немоќ да ги прифатат позитивните реакции на граѓаните низ цела Македонија за предлог мерките на СДСМ.
Разбирлива е паниката на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се соочени со последиците од катастрофалните состојби во здравството, образованието, социјалата, економијата што тие ги создадоа во нивното 8 годишно владеење.
Затоа, ако Груевски навистина сака да сфати што е реално а што не е, го повикуваме да прифати дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев“, порачува СДСМ
http://www.plusinfo.mk/vest/115850/S...dizvika-kolaps