Сакам да изразам револт за изјавите на господинот Андов за претседателот Глигоров. Најостро протестирам за неговите, да не користам сега некои навреди кои ги кажува. Ја користам говорницата јавно да ги осудам неговите изјави. Тоа ми е вовед бидејќи господинот Киро Глигоров беше еден од добрите пријатели на ромските граѓани и секогаш им помагаше, рече пратеникот Јани Макрадули, на денешното петто продолжение од 80 седница на Комисијата за финансирање и буџет.
- Ајде да одиме по ред. Почитувани граѓани, кога бев мал, бев љубител на научна фантастика, после животот ме научи да бидам малку пореален. Во тој научно фантастичен филм во кој што живее ВМРО-ДПМНЕ има 4.760 станови и ќе се изградат. Ќе се изградат на телекомуникациската кула на Водно. Можеби во втората хемисфера. Можеби има таму станови, можеби таму живее некој таму. Во 2009 година во април месец на меѓународниот ден на Ромите, Никола Груевски поставуваше камен темелник за гимназијата за ромите во Шуто Оризари.
Во 2010 година поставуваше на меѓународниот ден на ромите камен темелник. Во 2011 година поставуваше камен темелник за гимназијата, секоја година викаше дека ќе има гимназија. 2013 година уште нема гимназија за ромите во Шуто Оризари. Не што нема гимназија, туку тешко и мизерно се живее. И ако го прочитате амандманот ќе видите дека се работи исклучиво за Шуто Оризари - рече Макрадули.
Тој истакна дека опозицијата бара пари за социјални станови во Шуто Оризари.
- Ромите во трговски центри не можат да влезат, не можат да се вработат. Има магистри, доктори таму. Зар Ромите не заслужуваат да бидат дел од главниот град - праша пратеникот Јани Макрадули.