Quantcast
Channel: Форум Воденица
Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

„Децата“ на Груевски

$
0
0
Многупати досега е коментирано дека владата ни е всушност детска градинка. Една таква славна изјава имаше и „војводата„ Мендух Тачи. „Употребата„ на млади и неискусни кадри е пресликана во хиерархијата на целиот државен апарат заедно со јавните претпријатија.

Никола Гелевски во својата последна колумна, ја допира таа тема но на еден друг начин. Употребата на млади кадри е веќе измислено средство за непречено и брутално владеење кое неминовно води до својот крај. Крајот е со веќе познати последици. Дали Груевски свесно го прави ова?

Дали Груевски ги обединува фашизмот и сталинизмот? За тоа во колумната, а ова е извадок кој ја „слика„ улогата на „младите војводи„ во една фашизоидна операција?

Цитат:

Франц Кафка во својот антологиски расказ, едно од најважните прозни четиви на 20 век, „Во казнената колонија“ дава совршена слика на еден таков тотален систем воден од исти такви тотални луѓе. Патникот го прашува Офицерот дали Стариот Командант е сè во едно: „Војник, судија, конструктор, хемичар, цртач“? Хитлер и Сталин на сличен начин се претставувале како водач, генерал, лингвист, архитект итн.

Познато е, на пример, дека за време на кинеската „Културна револуција“ (во која беа убиени повеќе милиони луѓе) четрнаесетгодишни ученици биле сметани за „извор на револуционерната мудрост“.Денешниот македонски „пастир“ е тотален човек од истиот ков. Врши сеопфатен културен и историски инженеринг; на факултетите им наложува според кои учебници ќе работат, на бирократите им држи предавања по етика, главен е - и тоа во историски рамки - урбанист и архитект, самиот ја води целокупната внатрешна и надворешна политика... Опкружен е со послушни, голобради, недоветни. И тука неговата партија-фамилија, како срж на неговата приватна држава, е речиси пресликана структура на тоталитарна деспотија. Познато е, на пример, дека за време на кинеската „Културна револуција“ (во која беа убиени повеќе милиони луѓе) четрнаесетгодишни ученици биле сметани за „извор на револуционерната мудрост“. Истиот механизам го имало и во страшните комунистички режими во Виетнам, Камбоџа, Кампучија: наоружаните млади пилиштарци претставувале не само физичка, туку и идеолошка и интелектуална моќ; младите необразовани селанки често го заменувале, најчесто со катастрофални последици, постариот и поискусниот кадар. Целокупниот министерски кабинет на македонскиот „врховен архитект“ структурно, по многу свои особини, наликува на најстрашните комунистички и нацистички примери од 20 век (некоја идна анализа веројатно ќе покаже дека во историјата на парламентарната демократија не постоел помлад владин кабинет од оној на „пастирот“).

Viewing all articles
Browse latest Browse all 1887

Trending Articles