Цитат:
Напишано од Ченто
(Мислење 539929)
Врховизмот (како идеологија) сеуште не е исчезнат... А за време на НОБ беше особено активен кога неговите следбеници соработуваа со балистите!
Не за ослободување, туку за анексија... Без оглед дали тие го нарекувале тоа „ослободување“... Од едно ропство во друго... Еве што им напишал Јане Сандански на Грците, жители на Мелник, во 1904 година: „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." Еве ти уште една мисла од Јане: „Вие (врховистите) ја сакате слободата на Македонија и Одринско како етапа на идните Ваши завојувања и анексии, додека кај нас слободата е легната во основата како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас - Внатрешните и Вас - Врховистите." И уште една за денес: „Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други тирани, па ни со бугарска тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците."! |